X
 21.05.2020 Живот

Стоунхенџ нуди уникатна можност: За првпат, онлајн можете да ја гледате прославата за летната долгоденица

Стоунхенџ е една од најголемите археолошки мистерии во Велика Британија. И покрај безброј теории за примената на локалитетот, почнувајќи од центар за жртвување до небесен часовник, никој не знае со сигурност што ги натерало праисториските Британци да потрошат толку многу време и напор за неговата изградба. Првата фаза на градење започнала околу 3000 п.н.е. иако последните археолошки откритија покажуваат дека околината била света стотици години пред да почне работата.


Илјада години подоцна, бил додаден внатрешен круг од гранитни камења. Околу 1500 година пред нашата ера, главните камења на Стоунхенџ биле влечени до локалитетот, наместени во круг и им биле поставени архитрафни греди за да се направат трилити - структура која се состои од три огромни камени блока. Сините камења од пред 500 години биле преуредени како внатрешна потковица со олтарски камен во центарот. Надвор од ова, бил подигнат трилит-потковица од пет масивни камења. Три од овие се недопрени; другите две имаат само еден исправен. Потоа дошол големиот сарсен круг од 30 масивни вертикални камења, од кои останале 17 исправени камења и 6 архитрафни греди.

1
Фото: Unisplash

Стоунхенџ е домаќин на една од најпопуарлните светски прослави за летната долгоденица, што се одржува на најдолгиот ден во годината. Илјадници посетители одат да го гледаат изгревањето на сонцето зад „Хил Стоун“, но поради пандемијата, прославата нема да се одржи.

Наместо тоа, организацијата „Англиско наследство“ на 21 јуни ќе понуди изненадување - лајвстрим од изгрејсонцето во недела наутро.

- Се надеваме дека нашиот лајвстрим ќе понуди алтерантивна можност за луѓето да се поврзат со ова духовно место во такво посебно време од годината. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде наредната година - изјави Никола Таскер, директор на Стоунхенџ.

ТУКА можете да ја посетите веб-страницата на „Англиско наследство“.

Извор: Lonely Planet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот