Иако целиот живот пишувал, Ернест Хемингвеј бил познат и по неговиот копнеж за авантура. Своите авантури ги користел и како инспирација за новелите кои ги оставил позади себе.
Ова се негови реченици, кои останале запаметени како негов поглед кон животот.
1. „Сакам да слушам. Научив многу од внимателно слушање. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“
2. „Најдобриот начин за да откриете дали можете на некој да му верувате е да му верувате.“
3. „Никогаш не ја бирав темата на моето пишување – таа секогаш ме бираше мене.“
4. „Никогаш не одете на патувања со некој што не го сакате.“
5. „Среќата кај интелигентните луѓе е најреткото нешто што го знам.“
6. „Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето секогаш биле ограничувачи на среќата, освен малкумината кои се добри како и пролетта.“
7. „Нема ништо во пишувањето. Само седите пред машина за пишување и крвавите.“
8. „Никогаш не правете грешка помеѓу движење и акција.“
9. „Се будам наутро и мојот мозок започнува да креира реченици и морам да се ослободам од нив брзо – да ги кажам или да ги запишам.“
10. „Сакам да спијам. Мојот живот има тенденција да се распаѓа кога сум буден, ме сфаќате?“
11. „Зборот може да скрши секого, а потоа некои се силни токму кај скршените места.“
12. „Сите нешта кои се навистина зли започнуваат од невиност.“
13. „Ако писателот знае доволно за она што го пишува, може да пропушти работи што ги знае. Достоинството во движењето на ледениот брег е тоа што само една деветина од него е над водата.“
14. „Храброста е милост под притисок.“
15. „Човек мора да добие многу казни за да напише навистина смешна книга.“
16. „Секогаш правете го трезни она што сте рекле дека ќе го направите пијани. Тоа ќе ве научи да си ја затворите устата.“
17. „Во врска со моралот, знам само дека морал е кога се чувствуваш добро отпосле, а она што е неморално е кога се чувствуваш лошо отпосле.“
18. „За вистински писател, секоја книга треба да биде нов почеток каде што тој се обидува повторно за нешто што е надвор од постигнатото. Треба секогаш да се обидува за нешто кое не било направено претходно или пак, другите се обиделе и не успеале. Потоа, некогаш, со многу среќа, ќе успее.“
20. „Нема поосамен човек во смртта, освен во самоубиство, од човек кој живеел многу години со добра сопруга и потоа ја надживеал. Ако две лица се сакаат, тогаш тоа не може да има среќен
крај.“