X
 01.05.2018 Живот

Навики што ќе ви го продолжат животот за една деценија

Луѓето кои се придржуваат до петте здрави навики во зрелоста може да си го продолжат животот за десет години, вели едно големо истражување.

Истражувачите од Универзитетот Харвард користеле прашалници за животниот стил и медицинската историја на 123.000 волонтери, со цел да разберат колку подолго луѓето живееле ако следеле здрава исхрана, ако ја контролирале нивната тежина, редовно вежбале, пиеле умерено и не пушеле.

Кога научниците го пресметале просечниот животен век, тие забележале драматичен ефект од здравите навики. Во споредба со оние кои немале ниту една здрава навика, мажите и жените кои се придржувале до нив, имале зголемување на нивниот животен век - дополнителни 12 години за мажите и 14 за жените.

„Кога го започнавме истражувањето помислив дека луѓето кои ги прифатиле овие навики ќе живеат подолго. Но изненадувачки беше колку е голем ефектот“, изјави Меир Стемфорд, ко-автор на истражувањето и професор по епидемиологија и исхрана на Факултетот за јавно здравје на Харвард.

Истражувањето укажува дека сиромашниот начин на живот е главен фактор што го намалува животниот век. Петте здрави навики се дефинирани како: непушење, индекс на телесна маса помеѓу 18.5 и 25; 30 минутно вежбање во текот на денот, пиење најмноггу 150 мл чаша вино на дневно ниво за жените, и две вакви чаши за мажите како и богата исхрана, полна со овошје, зеленчук и јаткасти плодови и умерено консумирање нацрвено месо, заситени масти и шеќери.

Мажите и жените кои имале ваков здрав животен стил имале 82 отсто помали шанси да умрат од срцеви заболувања и 65 отсто помали шанси да умрат од рак во споредба со оние со лош животен стил.

Со оглед на тоа што навиките за здрав начин на живот се добро познати, мистеријата е зошто толку ни е тешко да ги имплементираме во нашите животи. Дел од проблемот е што многу луѓе се борат да се откажат од пушењето, како и нездравата храна.

„Мислам дека луѓето треба да преземат лична одговорност, но како општество треба да им олесниме на луѓето да го направат тоа. Луѓето заглавуваат и мислат дека е премногу доцна за да го променат начинот на живот, но она што го откривме дека кога луѓето ги менуваат нивните начини, се гледаат извонредни придобивки“, вели Стемфорд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот