Сите оние што веќе се нашле во ситуација да не можат да се договорат со својата подобра половина што да гледаат пред спиење, веднаш ќе ја засакаат оваа апликација. Имено, таа помага при изборот на серијата или филмот кој ќе се гледа на многу практичен и популарен начин.
„Нетфлип“ е една од оние апликации што не можат да се пофалат со раскошни можности или сестраност, а сепак е корисна за многумина. Имено, таа помага во избегнување на препирањата меѓу партнерите или пријателите кога се обидуваат да се договорат што да гледаат на „Нетфликс“ или „Амазон прајм“.
И тоа се прави на прилично едноставен и за некои сигурно познат начин, па не е ни чудно што дури и самите автори ја опишуваат како „Тиндер за филмови“. Апликацијата функционира така што секој на својот телефон го прегледува достапниот каталог и едноставно повлекува налево или надесно. Во моментот кога двете лица ќе повлечат надесно, апликацијата ќе извести дека е најден филм што и двете лица сакаат да го гледаат и тука завршува одбирањето.
За да може апликацијата да работи како што се очекува од неа, најдобро е двата телефона да се поврзани на иста безжична приклучна точка, а преку апликацијата може да се генерира покана, која потоа може да се испрати преку порака или електронска пошта за да се поврзете со другото лице. Може да се намести и кои жанрови сакате да ги избегнете и дали ќе се одлучува меѓу серии и филмови, а исто така може да се одреди и кој стриминг-сервис ќе се користи.
Се надеваме дека апликацијата ќе ви ги скрати маките. Таа е бесплатна и може да ја преземете
ТУКА доколку користите Андроид и
ТУКА доколку имате ајфон.
Автор: Матија Грачанин
Извор:
bug.hr
Насловна фотографија: Unsplash