Според годишната листа на компанијата „Хенли енд партнерс“, Јапонија сè уште гордо ја носи титулата на најјак пасош на светот, додека второто место го делат Сингапур и Јужна Кореја, поточно можат без визи да патуваат во ист број земји.
Франција и Германија го делат третото место, Данска, Финска, Италија, Шведска четвртото, а Луксембург и Шпанија петтото. На шестото место се Австрија, Холандија, Норвешка, Португалија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД.
Белгија, Канада, Грција и Ирска го делат седмото место на листата со најјаки пасоши, Чешка е на осмото, а Малта на деветтото.
Во првите десет се пласира и Австралија, која го дели десеттото местото со Исланд и Нов Зеланд.
Македонија е на 43. место на листата.
Од земјите во регионот, Словенија е на 11. место, кое го дели со Унгарија, Латвија, Литванија и Словачка; Бугарија го дели 19. место со Хонгконг и Романија, додека Хрватска се најде едно место подолу, заедно со Андора и Сан Марино. Србија е на 40. место, Црна Гора на 43., Босна и Херцеговина на 49. место и Албанија на 50..
Сепак, поинтересна е листата со најслаби пасоши на светот.
На петтото место е Еритреја, чии жители без виза можат да одат во 38 земји.
На четвртото место е Јемен, чии жители без визи можат да патуваат во 37 земји.
На третото место е Пакистан, на чии жители не им е потребна виза за да патуваат во 33 земји.
Второто место го делат Сомалија и Сирија, чии жители без визи можат да патуваат во 32 земји.
На првото место се Авганистан и Ирак, чии жители без визи можат да одат во само 30
земји.
Целата листа можете да ја погледнете
тука.