X
 22.07.2023 Образование

Студирањето - „пасош“ за иднина

Летово е период кога студентите, генерално, се враќаат во својата татковина. Период кога на секоја своја средба со пријателите и роднините раскажуваат за животот во земјата каде што студираат и за идните професионални планови. Една од нив е Викторија Тасевска, магистранд на Факултетот за општествени применети студии во Нова Горица, Словенија. 

„Сите знаеме дека доброто образование секогаш е во мода, а преку образовниот процес се препуштаме на патување каде што ќе се самооткриеме. Одлучив да бидам во чекор со „модата“ и мојот избор за ова патување е ФУДШ. Кога студираш во средина каде што факултетските обврски се приспособливи на работните обврски и приватниот живот, успехот и задоволството се неминовни. На ФУДШ имам задоволство да запознам врвни професионалци, доктори, професори, кои на одличен начин го пренесуваат своето знаење и искуство и на уште подобар начин ја доловуваат сликата во реалност, правејќи паралела како е во теорија и како во нашето секојдневие. И што е најважно – како знаењето да го имплементираме во нашето опстојување во општеството за подобро утре“, раскажува Викторија.


Викторија Тасевска

Таа на факултетот сретнала професори, студенти, колеги од секој крај на светот, секој со своја приказна, но сите со иста цел – „заедно да успееме во животот, да бидеме чекор поблиску до нашата посакувана кариера. Словенија е земја која покрај тоа што нуди одлични услови за студирање, ги поткрепува со многубројни можности за работа преку студентскиот сервис, каде што работните обврски во целост се приспособени на студиите, а сепак обезбедуваат доволно материјални средства за секој студент. За да доловам колку студентите се почитувани во оваа земја, ќе ги споменам и субвенциите за храна и патување од страна на државата. За нас, студентите, исто така е многу важен и социјалниот живот, кој верувајте ми тука навистина ќе го живеете со полн здив. Преку целата година има безброј културни, спортски и забавни настани, на кои може да се дружите, забавувате и да ја ширите својата мрежа на пријатели“, додава Викторија.

И покрај сѐ, според неа, најважно е што преку студирање на ФУДШ не добивате само магистерски студии, туку добивате и план за иднината, „пасош“ кој ќе ви ги отвори патиштата кон светот и успехот и најважно, ќе станете симбол за решителност и доказ дека напорната работа се исплаќа.

Со ова, на некој начин се сложува и Филип Бурзевски, студент на Факултетот за информатички науки во Ново Место, Словенија. „Моментално сум на додипломски студии на насоката „Информатика во современото општество". Словенија нуди бесплатни студии за нови студенти од нашата држава и покрај тоа, многу дополнителни привилегии. Покрај сето ова, онлајн наставата на факултетите се одвива беспрекорно и овозможува достапност на сите информации што им се потребни на студентите. Покрај одличната едукација и убавиот живот во Словенија, добиваме и можност за студентска работа. Како студенти добиваме и бонови со попуст за прехрана во многу ресторани. Словенија и студентскиот живот се едно преубаво искуство и добра промена за младите. Вреди да се проба“.


Филип Бурзевски

Синиша Пекески, докторанд на отсекот Стратегиски комуникации на Факултетот за општествени применети студии, вели дека овој факултет го избрал по препорака на пријател.

„Зошто го одбрав ФУДШ? Искрено поради препорака од пријател кој имаше позитивно искуство таму и ми пренесе позитивни информации околу студирањето, професорите, начинот на едукација, односот на професорите кон студентите, можностите што ги нуди ФУДШ и самата држава. И не ме излажа. По завршувањето на првата година од докторските студии на отсекот Стратегиски комуникации, со право можам да кажам дека комплетно е исто она што ми беше кажано. Пријатно се изненадив од сѐ, од професорите, од административниот и техничкиот персонал вработен на факултетот, локацијата на факултетот (блиску е до БТЦ, за оние што сакаат шопинг и добро кафе/јадење). Најмногу сум задоволен од мојот ментор, кој многу ми помага во изработка на дисертацијата, начинот како да стигнам до повеќе податоци, но и начинот работите да ги гледам од повеќе аспекти и секогаш ме тера уште повеќе да се потрудам. Ако сакате добро образование, европско образование, ФУДШ е одличен избор во Европа“, додава Пекески.


Синиша Пекески

Според него, Љубљана е прекрасен град, со неверојатна енергија, неверојатна позитивност и ФУДШ е одличен факултет за едукација и надградба не само на теоретски план, туку и на практичен план. „Аха, и да не заборавам, можностите за патување по Еразмус-програмата за докторски студенти е неверојатна можност, стекнувате контакти со луѓе од ваш профил, стекнувате суперколеги од цела Европа и најважно, стекнувате вистинско образование. Мојата инвестиција во докторските студии на ФУДШ се покажа одличен избор, не само поради професорите и вредностите што ги добивам таму, туку и поради колегите од Хрватска, Србија и Словенија кои ги стекнав и сум многу горд на нив“, завршува Пекески.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование