X
 22.08.2019 Технологија

Како паметните телефони нѐ прават поглупави?

Кога и да види мозокот паметен телефон пред себе, тој како моментално да станува поглупав...

Научниците тоа и го докажале. Тие тврдат дека сме целосно неспособни да го забележиме степенот на влијание на паметните телефони врз нашиот ум, нашата способност сами да мислиме и да донесуваме одлуки.

Когнитивните функции се способностите да забележуваме, истражуваме, анализираме, заклучуваме и решаваме проблеми и задачи. Когнитивниот и социјален психолог Адријан Ворд заедно со колегите спровел експеримент.

- Повеќе од 1.500 студенти учествуваа во истражувањето и нивната задача беше да решат повеќе тестови, да одговорат на многу прашања, да објаснат и да формулираат нешто. Генерално, не беше толку важно што одговараа, туку она што ние го забележувавме. А ние цело време следевме каде им е мобилниот телефон - објасни Ворд.

Испитаниците биле поделени во три групи и биле подложени на различни интелектуални тестови. Разликата била во условите за работа: првата група морала да ги остави телефоните во другата соба, втората група немала забрана да ги држи телефоните во џебот или во чантата, а третата група смеела да го стави телефонот на маса пред себе, но со екранот надолу.

Секако, на ниедна група не ѝ било дозволено да ги употребува.

Истражувачите ја следеле количината на работна меморија на сите три групи, односно количината на информации на која биле способни да се фокусираат.

Највисока била кај луѓето што воопшто немале пристап до телефонот, а најниска кај оние чии паметни телефони се наоѓале на масата пред нив. Групата што имала телефон во џебот или во чантата имала слични резултати со групата што немала пристап до мобилен телефон.

- Мислам дека нема потреба премногу да ги објаснуваме резултатите од истражувањето, очигледно е: кога и да види мозокот паметен телефон пред себе, тој моментално станува поглупав. Тоа е така поради очекувањето дека не мора многу да го „оптоваруваме“, бидејќи сите одговори што ни се потребни можеме да ги најдеме на интернет - вели доктор Адријан Ворд.

По истражувањето научниците ги прашале студентите што мислат, дали нивниот мобилен телефон влијае врз нивното внимание и способност, а сите дале ист одговор - не. Тоа е показател дека на психолошко ниво сме целосно зависни од телефоните, а воопшто не сме свесни за тоа.

- Впрочем, дали некогаш сте запознале зависник од дрога или алкохол кој признава дека има проблем? Не велам дека мобилните не треба да се користат, но користете ги умерено и мудро. Бидејќи еден ден ќе сфатите дека вашиот мозок без него не функционира како што треба, дека послабо паметите и потешко наоѓате решенија и одговори на основни прашања. Ќе биде доцна - порачува Ворд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија