Алатката за префрлање фотографии во сервисот „Гугл фотос“ во април стана достапна во Канада и во САД, а сега е достапна во целиот свет.
Новата алатка за префрлање на податоците овозможува копирање на фотографиите и видеозаписите што ги имате на „Фејсбук“ и нивно префрлање на кориснички профил на „Гугл фотос“ со кој ви е поврзан фејсбук-профилот.
По Канада и САД, алатката сега е достапна и во некои делови на Африка, пацифичкиот дел на Азија и Латинска Америка, за потоа да почне да се шири низ целиот свет.
Тука можете да го видите деталното упатство како да ја користите алатката.
-Додека сте логирани на вашиот профил на „Фејсбук“, кликнете на стрелката насочена надолу, најгоре најдесно и одете во Settings.
-Одете на Your Facebook Information.
-Кликнете на Transfer a copy of your Photos or Videos.
Засега е можно да се зачувуваат само фотографии на сервисот „Гугл фотос“. Од „Фејсбук“ планираат да ја прошират функцијата и на други компании што ќе се приклучат на програмата Data Transfer.
Не е јасно кога „Фејсбук“ ќе додаде поддршка и за другите сервиси.
Автор: Мирослав Вранка
Насловна фотографија: Pixabay