Љубовта ја убиваат зборовите
Моите, кои ги кршат оковите и бегаат од занданата
И му влетуваат в срце и бавно го нагризуваат со денови
Неговите до пола изговорени
Во кои се наѕира сомнеж
кој нè труе и мене и него
Туѓите добронамерни,
И оние што се изговараат за да се отруе љубовта.
Љубовта ја убива минатото
Сето она што го оставивме зад себе
Што ја оживува зависта и се враќа меѓу нас како дух
Жените што си ги сакал
И мажите што ги оставив
Се враќаат да нè докрјачат и да нè задушат во недоверба
И сомневањата дали ние сме љубов.
Љубовта ја убива тишината
Недореченоста и претпоставките
Црвите што ги пуштивме во коските и кои ни ја саботираат секоја прегратка
Валканите зборови на усните
Поради кои бакнежите имаат вкус на пелин.
Љубовта ја убиваме ние
Кукавички од грб
И бегаме секој на својата страна од креветот
Чекајќи љубовта да го испушти својот здив и да исчезне од нас.