X
 22.09.2019 Живот

На криптовалути потрошени 18,8 гигавати струја

Копањето криптовалути минатата година на светско ниво потрошило до 18,8 гигавати електрична енергија, што може да се спореди со трошењето на енергија на Полска. Освен тоа, предизвикало и годишна емисија од приближно 800 тони јаглероден диоксид. Тоа го покажало истражувањето на компанијата „Касперски“ за економското и еколошкото влијание на интернет-рударите.

Истражувачите од „Касперски“ заклучиле дека иако индивидуалните губитоци може да се сметаат за безначајни, глобалното влијание на интернет-рударењето врз екологијата е изненадувачки големо. Според пресметките на „Касперски“, количината на енергија потрошена преку интернет-рударење може да биде и до 1.670 мегават-часа по страница.

Но, компанијата забележува значителен пад на рударството преку интернет бидејќи има многу правни и технички иницијативи насочени кон намалување на влијанието на интернет-рударството.

Претходните истражувања на „Касперски“ покажуваат дека секој десетти испитаник (13 отсто) досега користел криптовалути за купување. Но, сајбер-криминалците исто така го прифаќаат овој тренд и сè повеќе се насочуваат кон крипто-берзата и така ги напаѓаат инвеститорите. На овој начин корисниците се во постојан ризик да ги загубат своите заштеди преку оваа незаштитена технологија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот