Во астероидите може да се најде злато како и железо, никел, бакар и највредно од се', вода. Според научниците, овие камења се виртуелно Ел Дорадо на небото со доста расположливи минерали. Прашањето е, каде е точно ова минерално богатство и како да се добие без да се потрошат многу пари?
Може да се каже дека е започната еден вид на меѓународна трка на астероиди, со мисии од Америка па се' до Луксембург. На прв поглед се чини дека трката се случува помеѓу две страни - НАСА и ЕСА испраќаат џиновски вселенски летала и мисии, додека приватните компании се концентрираат на малите сонди.
Пред да ги разгледаме овие планови за истражување, добро би било да одговориме на прашањето зошто некој би бил заинтересиран за трошење на милијарди за посета на еден камен.
Астероидите се остатоци од формирање на Сончев систем, кога огромен прстен од гас и прашина се кондензираат за да го формираат Сонцето и околниот диск кој станува збир на планетоиди кои се судриле заедно во текот на милиони години за да создадат планети и месечини.
Астероидите се концентрирани во познатиот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер, каде гравитациското влечење на Јупитер ги спречува да формираат планета, исфрлајќи некои од нив во внатрешниот Сончев систем, додека другите се преселиле надвор од Плутон.
До 20-от век астероидите биле признати како потенцијално богатство, а рускиот вселенски пионер Константин Циолковски шпекулирал дека астероидите би можеле да бидат полни со злато, платина и дијаманти.
Во 1976 година, физичарот Жерар К.О'Нил од Универзитетот Корнел ја објавил книгата „The High Frontier: Human Colonies in Space“ во која ја истакнал идејата за градење на гигантски колонии со десетици милиони луѓе во нив. Изградени воглавно од месечеви материјали, овие колонии би ги користеле астероидите за суровини како силициум, јаглерод, водород, азот, па дури и петрохемија како и метали во количини далеку непознати за Земјата.
Дури и речиси после 60 години, патувањето во вселената е ужасно скапо. Неодамна беше откриено дека кражбата на примероците од Месечината добиени од мисијата Аполо 17 во 1972 година, била вредна 50.800 долари по грам поради огромната цена да се оди на Месечината и да се донесат овие камења на Земјата. За оваа цена, дури и ако астероидите се направени од беспрекорно сино-бели дијаманти, не се исплаќа да се оди по нив.
Затоа компаниите за рударство на астероидите се фокусираат на астероиди во близина на Земјата. Ова се астероиди кои биле исфрлени од нивната редовна орбита од гравитацијата на Јупитер и сега прават ексцентрични правци низ внатрешноста на Сончевиот систем.
Долгорочно, голем дел од овие рудари на астероиди ја гледаат оваа нова вселенска технологија како вистински извор на богатство. Враќањето на материјалот од астероидот на Земјата е доста скапо. Повеќе профитабилно и побезбедно е да се остават таму и да се користат со помош на 3D печатење или други напредни методи на производство. Зошто би се испраќал челик и бакар на Земјата, кога би можел да се користи за изградба на сателити или вселенски станици или рударска опрема?
Но дури и ова е доста голем чекор во областа каде треба да се изгради дури и најосновната инфраструктура. Една работа е НАСА да изгради цел систем за патување во вселената од нула и да испрати човек на Месечината за помалку од деценија. Меѓутоа сосема друго е истото да го направи приватна компанија за да ја присвои Црес. Приватните компании треба да ги намалат трошоците на работење во вселената и да пронајдат начин да се исплаќа патувањето во краток рок.
Еден од начините со кој можат да го направат ова е да развијат технологија на рударство. Во моментов, главните рударски фирми за астероиди не се грижат толку за враќање на минерали од астероидите на Земјата, туку се во потрага да откријат кои астероиди се вредни за истражување и што тие би можеле да содржат.
Компанијата „Planetary Resources“ ги постави основите од нивната стратегија на нејзините „Аrkyd“ сателити. Ова се серии платофрми кои дејствуваат како технолошки демонстратори, кулминирајќи во „Arkyd 100“, кој е мал орбитален телескоп дизајниран да лови и идентификува потенцијални астероиди. Со текот на времето, компанијата се надева дека ќе има констелација на овие сателити во орбитата.
„Deep Space Industries“ (DSI) е друга компанија која се надева дека ќе успее започнувајќи од миниум, евтино и со краткорочни цели, но исто така се соочува со проблемот на создавање прв профитабилен чекор. Сателитските горива достигнуваат вредност до 25 милиони долари за тон за да се испратат во орбитата, а нивната замена е примамлива, меѓутоа DSI оценува дека нејзините први сателити ќе чинат 20 милиони долари што е прилично многу.
И DSI планира да ре-употреби дел од нејзината
технологија за нешто што не е поврзано со рударство. Еден од главните мисии на компанијата е „Prospector-1“, кој има мисија да слета на астероид и ќе чини 10 милиони долари. Со оглед на тоа што мисијата нема да се случи во наредната деценија, DSI им нуди платформа на другите компании за развивање на нивни мисии со ниска цена.
Другиот пристап на DSI е да започне соработка со Владата на Луксембург. Според овој договор, DDSI ќе формира ново седиште во земјата, а вселенската програма на Луксембур да ко-финансира проекти за истражување и развој на демонстраторот сателит „Prospector-X“. Овој мини-сателит е дизајнира да ја докаже практичноста на технологијата на DSI за длабоки вселенски мисии и да бара и истражува астероиди за вода и минерали.
Во моментов, планираните мисии се вклопуваат во две различни категории со различни приоритети и пристапи. Вселенските агенции како НАСА се одговорни пред владите, додека рударите за астероиди слушаат наредби од акционерите и клиентите. Вселенските агенции имаат поголеми буџети, многу пошироки овластувања и ги извршуваат мисиите кои можат да имаат влијание врз националната безбедност и престиж.
Од друга страна, приватните рудари работат со минимален буџет, имаат специфични цели и постои поголема веројатност да преземат ризик.