За книгата раскази „Парадоксион“ во издание на „ВиГ Зеница“ од Скопје, писателот Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година. За наградата одлучи жири-комисијата во состав: академик Катица Ќулавкова, претседател, Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ-Стојковска, членови.
Почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Македонија, годинава ќе оди во рацете на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго и проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.
За оваа награда одлучија: Аце Коцевски, претседател, и Кристина Николовска, Људмил Спасов, Гоце Ристовски и Стефани Андреевска, членови.
57. „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес кога ќе им бидат врачени и признанијата.
фото: Општина Велес