Швајцарската компанија „Прогнос“ го анализирала можниот развој на цената на електричната енергија и прогнозира дека ќе биде уште повисока.
- Трајниот прекин на испораките на гас од Русија во наредните месеци уште еднаш нагло ќе ја зголеми цената на струјата - проценуваат швајцарските експерти.
Во прогнозата подготвена за баварската економија, експертите претпоставуваат дека во текот на следната година цената на струјата ќе биде над 500 евра за мегават-час и дека дури тогаш ќе почне да паѓа.
Процената се потпира на претпоставката дека Русија не испорачува гас.
Во случај Русија да ѝ испорача гас на Германија во намален обем, експертите пресметуваат дека цената на гасот следната година би можела да биде околу 189 евра, што не е многу повеќе од сега.
Фото: Freepik