Астрофотографот Ендрју Мекарти е подготвен да направи сѐ што треба за да ја направи фотографијата што ја замислил. А, во случај со неговата последна фотографија, тоа може да значи и патување на далечна локација. Трудот вредеше бидејќи успеа да ја направи најнаучно-фантастичната фотографија досега.
Мекарти има направено многу фотографии од транзитот на Меѓународната вселенска станица, но за да се случи оваа фотографија, требало да го напушти својот дом во 2 часот по полноќ за да патува еден час и да ја направи фотографијата.
Бидејќи транзитот се случува во дел од секундата, Мекарти поставил два телескопи за да се осигури дека нема да го пропушти големиот момент. За среќа, двата телескопи успеаја да го снимат транзитот, што на Мекарти му даде многу фотографии со кои можеше да работи при креирањето на крајната фотографија.
Насловена како „Од Кеплер со љубов“, сликата е доказ за љубовта на Мекарти кон ѕвездите и посветеноста на неговата професија.
- Живееме во време кога сме толку поделени, што можноста да се здружиме и да ја цениме убавината на нашиот универзум може да биде чекор кон наше обединување - споделува тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram