Иако повеќето знаат дека Меѓународната вселенска станица се движи исклучително брзо, визуализацијата помага за подобро да сфатиме. За да помогне во тоа, францускиот астронаут
Томас Пескет сподели фотографија што покажува какво е чувството да се патува со 28.000 километри на час.
Тестирајќи метод со кој експериментирал, Пескет искористил експозиција од 30 секунди додека се фокусирал на вселенската станица со ноќното небо на планетата Земја во заднина.
Станицата и нејзините жители ја обиколуваат планетата околу 16 пати на ден.
И покрај оваа неверојатна брзина, астронаутите велат дека не доживуваат ништо необично додека живеат и работат таму.
НАСА воспостави систем што ќе ги известува заинтересираните кога Меѓународната вселенска станица ќе патува над нивното соседство, овозможувајќи им да ја забележат станицата додека се движи брзо на небото навечер или рано наутро.
Астронаутот Томас Пескет од Европската вселенска станица создава и споделува многу фотографии од Земјата и други астрономски феномени, уште откако пристигна на Меѓународната вселенска станица, но неговата најнова фотографија е прва во неговиот нов фотопроект кој се обидува да ја прикаже големата брзина со која вселенската станица кружи околу Земјата.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Twitter/Thomas Pesquet