X
 22.09.2023 Живот

Хановер ќе трансформира илјадници паркинг-места за да го намали бројот на автомобили

Германскиот град Хановер претстави планови за протерување на автомобилите од центарот на градот, со цел тој да стане место за забава и прошетка.

Во еден од најамбициозните транспортни проекти досега предложени во Европа, Хановер ќе отстрани речиси 4.000 места за паркирање на улица во обид да ги обесхрабри луѓето да возат во центарот на градот.

Оние што сепак ќе се одлучат да возат ќе мора да го почитуваат ограничувањето на брзината од 20 километри на час на еднонасочните улици што водат кон едно од 11. паркиралишта.

- Времето за експерименти заврши. Сега продолжуваме со работата на трансформирање на нашиот град. Со овие мерки го правиме нашиот град поодржлив и подобар за климата - изјавил градоначалникот Белит Онај.

Хановер планира да го искористи ослободениот простор на своите улици за да ги прошири кафулињата и терасите и да засади повеќе дрвја, проект за кој се очекува дека ќе му вдахне нов живот на центарот на градот. Автобусите, такси-возилата и граѓаните што поседуваат сопствени паркинг-места сепак ќе можат да пристапат до улиците во центарот.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот