Производителот на кинескиот автомобил-дрон EHang 184 кој веќе леташе врз облакодерот Бурџ Ал-Араб во Дубави, ќе соработува и со други врвни технолошки компании.
Прашањето е кога овој вид на
возила ќе бидат алтернативен транспорт во овој град што веќе е блокиран со автомобили и е дом на најдолгата линија на метро во светот. Според најавите на шефот за патишта и транспорт на Дубаи, се планира тие редовно да летаат на Самитот на светската влада и истакнал дека тоа не е само модел и дека веќе се експериментирало со возилото да се лета над Дубаи.
Возилото има капацитет за 1 патник до 100 килограми и мал куфер. Патникот избира дестинација на екран на допир и дронот лета таму автоматски. Максималната брзина изнесува 160 км/час, а батеријата овозможува возење во должина од 50 километри.
Поради упади на аеродромите во Обединетите Арапски Емирати се бара оние кои ги поседуваат да ги регистрираат, а од Агенцијата за транспорт и врски истакнале дека се контролираат преку 4G мобилен интернет.