X
 22.10.2019 Живот

Како изгледа медицинска сестра по 53 часа работа

Медицинската сестра Кети Никсон од САД за четири дена сработила четири смени, односно вкупно 53 часа. Нејзината сестра Лора ја фотографирала и ја објави сликата на „Фејсбук“.

На фотографијата Кети е исцрпена до максимум и плаче.

- Таа тука штотуку ја заврши четвртата смена во низа за четири дена. Тоа се над 53 часа, не вклучувајќи по 1,5 час возење секој ден… Ќе ме убие поради сликава, ама ајде сите да одвоиме минута во чест на медицинските сестри - вели Лора во својот опис на фотографијата.

Таа истакнува дека работата на болничарите е исклучително значајна, но и сурово тешка, а сликата го олицетворува сето она низ што тие минуваат.

- Кети (и сите медицински сестри)… Посебни сте! Вие сте благослов за вашите пациенти и за нивните семејства - нагласи Лора на крајот од пораката.


Извор : МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот