X
 10.08.2023 Живот

Како еден Германец фотографирал од воздух уште пред Првата светска војна

Јулиус Густав Нојбронер бил роден во 1852 година во малото гратче Кронберг им Таунус, во војводина Насау, која во 1866 година била претворена во пруска провинција Хесен-Насау.

Тој работел во семејната аптека во Кронберг, каде што неговото семејство се занимавало со фармација уште од 1808 година. Неговиот дедо Кристијан ја отворил продавницата, во 1844 година му ја предал на својот син Вилијам Георг, за во 1886 година Јулиус да ја наследи аптеката.

Јулиус го проширил бизнисот и отворил фабрика за лепливи ленти, а по смртта на Јулиус во 1932 година, на чело на компанијата застанал неговиот син Карл.

Но, ниту тоа, ниту фактот што станал дворски аптекар во 1889 година откако Викторија, мајка на кралицата, го изградила Шлос Фирдрихшоф во Кронберг, не му донело светска слава. Со светска слава се здобил поради неговиот визионерски, инвентивен, иновативен ум и љубовта кон фотографијата, за која се интересирал уште од детството.

Што толку посебно направил Јулиус Нојбренер? Неговиот татко Вилијам претходно користел гулаби за доставување лекови, во периодот кога околните села немале свои аптеки, но подоцна тој ја укинал оваа пракса. Јулиус повторно ја вовел во 1902 година и почнал да користи гулаби за итно купување хемикалии од добавувачи во Франкфурт, како и за испорака на лекови до блискиот санаториум.

Но, подоцна дошол до фантастична идеја: ставил камера на гулаб и се обидел да фотографира од воздух. Резултатот бил поглед на неговиот град каков што тој и неговите сограѓани никогаш досега немале.

Во 1908 година, Нојбронер го патентирал овој систем на воздушно фотографирање и привлекол големо внимание кај светската јавност, откако ѝ покажувал фотографии на публиката во Дрезден и Франкфурт. На Меѓународниот салон за аеронаутика во Бурже, добил два златни медали, едниот за методот, а другиот за фотографии.

Секако, германската армија за време на Големата војна се обидела да ја искористи оваа „технологија“ за извиднички цели, но немала голем успех.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот