X
 14.03.2017 Технологија

Како да дознаете кои компании ги имаат Вашите податоци?

Големите компании ги купуваат и продаваат Вашите податоци постојано без да знаете, без разлика дали е тоа врз база на линковите што ги отворате или продуктите што ги барате.

фејсбук реклами
Фото извор: 5 Digital Quotes


Фејсбук е познат по тоа што има особено скапо знаење за своите корисници, кои ги користи за да се цели кон одредени групи при рекламирање. Ако се прашувате зошто гледате одредена реклама на Вашиот времеплов, релативно е лесно да знаете за кој сте цел и дали ги имаат Вашите податоци за контакт. Сѐ што треба да направите е да преземете еден фајл.

Како да дојдете до овие информации?

Вклучете го профилот и изберете Settings > General settings. На крајот од оваа страница кликнете на “download a copy of your Facebook data.” Потоа ќе добиете е-маил со Вашите архивирани податоци прикачени на него. Отворете го документот, кликнете на фолдерот HTLM, а потоа “ads.htm” фајлот.

Темите и страните што стигнале до Вашите поставки може да Ве изненадат. Ова се компании и организации што веќе го имаат Вашиот телефон или емаил адреса и ве избрале во публиката на нивните Фејсбук кампањи.

Сепак тешко е да се предвиди како огласувачите Ве имааат во нивните целни групи. Можеби на пример ја следите страницата на Netflix, a Вашите податоци ги има и Warner Bros. Донирањето за одредени причини може да резултира податоците да Ви бидат споделени во политички кампањи. Дури иако не живеете на одредени простори, Вашите податоци може да бидат собрани и искористени.

Фејсбук веројатно нема да одговори на Вашите прашања зошто одредена компанија ги има Вашите контакт информации. Ако сакате полесен начин да видете за кои теми социјалната мрежа Ве има како целна публика за реклами, истражете го продолжението за Chrome (Chrome extention) на ProPublica. Исто така може да го искористите делот за архивирање на Фејсбук реклами за да видете колку реклами сте кликнале.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија