X
 28.08.2018 Живот

Како би изгледале градовите ако би биле дизајнирани од мајките, пензионерите и тинејџерите?

Очигледен е недостатокот на разновидност во архитектурата создадена од луѓето на кои никогаш не им бил потребен пристап за количка.

Статистиката во креативните индустрии објавена во јули од Одделот за култура, медиуми и спорт откри шокантен пад од 10 отсто во бројот на жени во архитектурата, додека бројот на црни и малцински етнички архитекти останува непроменет.

Во последно време се најдов себеси размислувајќи и замислувајќи како би можел да изгледа светот ако луѓето кои го дизајнираа - политичари, планери, девелопери и архитекти, беа поразновидни.

Како би изгледале нашите градови ако мајките би имале поголема улога во нивното дизајнирање? За почеток, би имало секаде место за поминување со количка. За мајка со две деца и едно новороденче во колчка, скалите се еден вид на затвор. Секоја станица и зграда што се реновира треба со закон да создаде место за поминување со количка.

Ако се одлучите за автобус, наскоро ќе сфатите дека нема доволно место не за една, а камоли за две или повеќе колички. Едноставно, нема место за колички за пазарење, багаж или ранци на седумгодишните деца.

А што ако пензионерите ја дизајнираа нашата урбана средина? Тогаш дефинитивно, на секое место би имало простор за седење.

Ако тинејџерите би ги дизајнирале градовите, тогаш полнењето на телефоните би било човечко право. Рекламите со убави, слаби луѓе би биле забранети. На секој агол би имало продавница за чипси. Паркур - дисциплината што вклучува навигација на урабните простори со качување, скокање, балансирање и трчање низ нив, би бил национален спорт.  Насекаде би имало ленти за велосипедски патеки, за скејтери, за скутери и за деца што учат да возат. Секој што би се бунел за игрите со топка, би бил казнет за антисоцијално однесување. Игралиштата би останале отворени до доцна. Полицијата би била присутна само во случај ако е потребна и тоа да помогне, а не да брка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот