X
 19.11.2021 Култура

Џијан Емин и Магичниот оркестар со концертна промоција на првенчето на ЗЏМ рекордс

Продукциската куќа на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ), ЗЏМ рекордс, оваа сабота ќе го промовира своето првенче. Станува збор за новиот албум на матичниот диригент на ЗЏМ Биг бенд, оркестратор, композитор и мултиинструменталист, маестро Џијан Емин. Магичниот оркестар кој ќе изведе авторски композиции на Џијан Емин е составен од членови на ЗЏМ Биг бенд оркестарот и гудачи од Македонската филхармонија.

Џијан Емин е еден од водечките современи музичари во Македонија и регионот, кој се здобива со голема репутација низ целиот свет поради соработката со светски познати музичари. Тој е сеопфатен музичар со големо музичко искуство и долгогодишна кариера - од главен хорнист во Македонската филхармонија до вешт изведувач на импровизирана музика или џез. 

Концертот е закажан за 20 ноември со почеток во 20 часот во концертната сала на Филхармонија.

 

фото: Татјана Ранташа и ФБ на ЗЏМ


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура