X
 11.05.2024 Технологија

Новата вештачка интелигенција на „Гугл“ може да моделира ДНК, РНК и „сите молекули на животот“

Новиот модел на „Гугл дип мајнд“, модел на вештачка интелигенција „Алфа фолд 3“, го користи истиот метод како генераторите на слики со вештачка интелигенција за да предвиди како различните молекули се вклопуваат заедно. 

Така тој може да моделира ДНК и РНК, а како што тврди компанијата, и сите молекули на животот. Работата на овој модел треба да им помогне на истражувачите во медицината, земјоделството и развојот на лекови за да ги тестираат потенцијалните откритија, велат од компанијата.

Претходните верзии на моделот „Алфа фолд“ предвидувале само протеински структури, а „Алфа фолд 3“ оди чекор понатаму и може да моделира ДНК, РНК и помали молекули наречени лиганди, проширувајќи ја способноста на моделот за научна употреба. Од лабораторијата „Дип мајнд“ велат дека новиот модел покажува 50 проценти подобрување во точноста на предвидувањето во споредба со неговите претходни модели.

„Алфа фолд 3“ има библиотека на молекуларни структури. Истражувачите внесуваат листа со молекули што сакаат да ги комбинираат, а потоа „Алфа фолд 3“ користи метод на дифузија за да генерира 3Д-модел на новата структура.

Од „Дип мајнд“ велат дека „Исоморфик лабс“, компанија за откривање лекови основана од Хасабис, користи „Алфа фолд 3“ за внатрешни проекти. Досега моделот ѝ помогнал на компанијата да го подобри своето разбирање на новите цели на болестите.

Од „Гугл“ велат дека работат со научната заедница и политичките лидери за одговорно да го имплементираат моделот. Тврдат дека соработувале со експерти од областа и специјалисти за биосигурност, истражување и индустрија, за да се утврдат ризиците поврзани со моделот „Алфа фолд 3“ пред неговото лансирање.

 

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија