X
 22.10.2023 Живот

Корисни лекции за животот од гешталт-терапијата

Целта на гешталт-терапијата е да се зголеми силата на личноста за борба против предизвиците со зајакнување на свесноста за проблемот. Во продолжение се неколку лекции од оваа терапија кои ќе ви помогнат да го смените животот на подобро.

1. Луѓето се однесуваат на одреден начин не затоа што се лоши, туку затоа што нешто ги направило такви. Ова сознание добро влијае врз способноста за прифаќање на луѓето и може да биде корисна во прифаќањето на родителите кои правеле грешки во воспитувањето.

2. Сепак, не мора да ги прифаќате оние што не ви одговараат и не ви носат нешто добро. Способноста за неприфаќање не е помалку важна од способноста за прифаќање. Ја имате целата слобода да не бидете покрај луѓе кои не ви одговараат, особено такви што прават да се чувствувате лошо.

3. Кажете им на луѓето како се чувствувате. Научете ги луѓето дека вие сте личност која зборува за своите чувства. Вака ќе направите добро за нив и за себе.

4. Кога ги изразувате своите емоции, користете ја фразата „се чувствувам повредено“ наместо да навредувате. Така е поверојатно дека ќе бидете сослушани.

5. Довербата во другиот е значаен подарок кој го давате, пред сè, на себеси.

6. Процесите што се одвиваат во нас, дури и ако не сакаме, прават важна функција за нас.

7. Не трудете се да размислувате позитивно ако не се чувствувате така во моментот. Фокусирајте се на проблемите и решавањето на задачите и гледајте ја реалната слика, но не дозволувајте да ве преплави песимизмот.

8. Тешко ни е со работите што ја менуваат нашата слика за себе. Дури и кога промената е позитивна.

9. Не прашувајте дали некој може така да се однесува или чувствува. Може. Секој човек има посебни обрасци на мисли, емоции и начин на дејствување.

10. Ако ги потиснувате своите емоции и чувства, тие сигурно ќе се вратат на некој начин.

11. Кога имате проблем, не фокусирајте се само на тоа како сте стигнале дотаму, туку насочете ги мислите на решенија.

12. Она што не го знаеме за себе нè контролира повеќе од она што го знаеме.

Извор: Sensa
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот