X
 14.12.2020 Живот

Совети за одржување на автомобилот што ќе ви заштедат време во текот на зимските денови

Зимата генерално е лош период за возачите бидејќи честопати се откриваат најголемите проблеми во врска со автомобилите. Менување на гумите. чистење на снегот и мразот од автомобилот наутро, замаглување на шофершајбната и прозорците - ова се само дел од предизвиците со кои се соочуваат возачите во текот на зимата.

Од веб-страницата „Брајтсајд“ нудат неколку совети за тоа како полесно да се справите со проблемите што ги носи студеното време.

Замрзнати прозорци

1

Како да го решите проблемот: Измешајте оцет со вода (користете сооднос 3:1) и испрскајте ја шофершајбната со овој раствор на замрзнатите прозорци.

Како да го спречите ова:
Ако прозорците веќе се замрзнати, постои едноставен начин за брзо одмрзнување. Во шише со распрснувач измешајте ги следните состојки: 20 милилитри алкохол, 200 милилитри вода и 1 капка детергент за садови. Испрскајте на замрзнатите прозорци и мразот ќе се стопи.

Замрзната брава на автомобил

2

Како да се реши проблемот
: Еден лесен начин е со користење средство за дезинфекција на рацете. Алкохолот во него ќе го отстрани мразот и ќе ви овозможи да го отклучите автомобилот. Ставете неколку капки од средството на клучот или во отворот на бравата.

Исто така, можете да го загреете клучот од автомобилот со запалка и да го ставите во бравата.

Како да го спречите ова: За да не замрзне бравата, може да испрскате спреј WD-40 во бравата.

Замрзнати врати

vrata

За да го спречите замрзнувањето на вратите, можете да користите спреј за готвење. Испрскајте го на гумата околу вратите на автомобилот и тријте со крпа.

Замаглени прозорци

prozorec

Како да го решите проблемот: Кога прозорците се замаглуваат, одличен и лесен начин да го решите тоа е да употребите бришач на училишна табла. Овој трик лесно ќе го исчисти магливото стакло или прозорец и нема да остави заматен хаос зад себе.

Како да го спречите ова: Наполнете стар чорап или крпа со песок за мачки и ставете го под седиштето на вашиот автомобил. Песокот ќе ја апсорбира влагата и ќе спречи појава на магла.

Совет: Не оставајте отворени шишиња со вода или други пијалаци во вашиот автомобил.

Замрзнати странични ретровизори

4

Како да го спречите ова: За да нема мраз на страничните ретровизори, покријте ги во текот на ноќта со пластични кеси. Кога ќе ги извадите кесите следниот ден, огледалата нема да бидат замрзнати и нема да мора да ги чистите.

Замрзнати или магливи фарови

Кaко да го спречите ова: Прво, темелно исчистете ги предните фарови и оставете ги да се исушат. Потоа нанесете тенок слој восок. Тоа ќе спречи снегот и влагата да се насоберат на вашите светла. Заштитата ќе трае со недели.

6

Ако вашиот автомобил е заглавен во снег

Како да го решите проблемот: Ако го возите автомобилот во студени снежни денови, добро е да имате неколку вреќи песок за мачки во багажникот. Ако вашиот автомобил заглави во снег или мраз, посипете малку песок пред гумите и ќе излезете од оваа ситуација прилично лесно.

Друг одличен трик за вадење на автомобилот од снегот е со користење подлоги. Извадете ги подлогите од автомобилот и ставете ги под гумите.

Извор: Brightside.me
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот