Дали сте среќни? Ако одговорот е да, тогаш дали сте посреќни отколку што сте биле пред пет години?
Ако живеете во Финска, Белгија, Холандија или Австрија, одговорот на овие прашања повеќе од веројатно е дека е потврден.
Според неодамнешното истражување, и покрај порастот на популизмот, проблемите со имиграцијата, протестите и политичкиот раздор низ големи делови на континентот, Европејците се за 2 отсто посреќни сега отколку во 2013 година.
Анкетата на „Евростат“ во 25. земји-членки на ЕУ во 2018 година покажа дека речиси половина од Европејците на возраст од 16 години или повеќе се чувствуваат среќни во поголемиот дел од времето, додека 14 отсто се изјасниле дека се постојано среќни.
Испитаниците биле замолени да рангираат колку често се чувствувале среќни во четирите недели пред истражувањето, користејќи пет категории што се движат од „цело време“ до „ниту еднаш“.
Фото: Eurostat
Финска, Белгија, Холандија и Австрија го делат првото место како најсреќни нации во ЕУ, секоја со повеќе од три четвртини од населението изразувајќи среќа одреден период или постојано.
Шпанија се нашла под овие водечки земји - 29 отсто од населението тврделе дека се среќни постојано.
Фото: Eurostat
На другиот крај од листата се најде Латвија, каде што помалку од една третина од населението изјавиле дека се чувствуваат среќни постојано или во поголемиот дел од времето. Околу 28 отсто од Латвијците пријавиле дека ретко или никогаш не се чувствувале среќно четири недели пред истражувањето.
На дното на
листата, по Латвија, се најдоа Бугарија и Хрватска.