X
 23.11.2019 Живот

Фановите можат да се пријават за престој во новиот хотел „Нутела“ во Калифорнија

Првото кафуле „Нутела“ во светот беше отворено во Чикаго минатиот мај, а веднаш потоа се отвори и кафуле во Њујорк. Сега, фановите на популарниот крем може да престојуваат во хотелот „Нутела“ во Калифорнија, но само за викенд. Но, наместо да направите резервација, ќе треба да испратите видео од 60 секунди за тоа како „Нутела“ ви го прави појадокот вистинско епско искуство.

Ако вашето видео е избрано (само тројца ќе бидат избрани), ќе имате можност за авионско патување (што ќе треба сами да го платите) и три дена престој во хотелот.

1
Фото: Nutella


Во собата ќе бидете опкружени со огромни нутела-перници и килими, брендирана кујна и спална, а ќе ви биде сервиран и појадок приготвен од познатиот готвач Џофри Закариан.

1
Фото: Nutella


Хотелот ќе биде отворен само од 10 до 12 јануари. За да учествувате, поставете го вашето видео, кое треба да биде 60 секунди долго, на нивната веб-страница до 8 декември (мора да имате над 21 година).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот