Градските власти во Милано воведоа три дневна забрана на возење на автомобили низ градот за барем малку да се расчисти загадувањето на воздухот.
Италија е една од земјите која во последните неколку проблеми има големи проблеми со загадувањето на воздухот, а високото ниво на штетни материи ги натера властите да ја ограничат употребата на моторни возила од 10 до 16 часот, почнувајќи од вчера па се` до среда.
Тоа значи дека луѓето ќе можат да одат и да се вратат на работа, но во текот на работното време нема возење низ градот.
Слична забрана има и во Рим, кадешто во наредните денови ќе се применува системот „пар-непар“. Возилата кои имаат непарен број на регистарски таблички нема да смеат да возат еден ден, додека оние со парен број нема да смеат да возат другиот ден.
Активистите велат дека ова не е доволно за да се реши проблемот, а властите издадоа препорака, со цел да се намали емисијата на штетни гасови, клима уредите во автомобилите да бидат под 18 степени.