Ковид-19 останува закана, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), четири години по појавата на болеста која однесе милиони животи и го опустоши светот и глобалната економија.
- Вирусот САРС-КоВ-2 моментално циркулира во сите земји и продолжува да претставува закана. Мораме да останеме внимателни бидејќи вирусот циркулира, се развива, се менува - предупреди Марија ван Керхов, научничка од СЗО одговорна за борбата против пандемијата.
Сега постојат три варијанти на ковид-19 (KSBB.1.5, KSKSB.1.16 и EG.5) кои се под зголемен надзор. Четвртата варијанта (BA.2.86) исто така се следи иако не предизвикува зголемени симптоми.
Покрај акутните симптоми на болеста, СЗО е загрижена и за долгорочните ефекти предизвикани од вирусот, кој се нарекува „долготраен ковид“.
- Имаме докази дека вакцините го намалуваат ризикот од долготрајниот ковид - истакна научничката.
Таа изјави дека досега се дадени 13,5 милијарди дози вакцини.
Извор: МИА