X
 07.04.2023 Живот

СЗО: До 2030 година во светот ќе фалат околу 10 милиони специјалисти

Светската здравствена организација (СЗО), по повод 75-годишнината, предупреди на зголемен недостиг на персонал во глобалниот здравствен систем, јави ДПА, цитирајќи ја изјавата на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

- До 2030 година светот ќе има недостиг од околу 10 милиони специјалисти. Додека светот закрепнува од пандемијата на ковид-19, ги повикуваме сите земји да инвестираат во својата здравствена работна сила - изјави Тедрос.

Тој додаде дека нема здравје без здравствени работници.

Од почетокот на пандемијата, околу 50 отсто од персоналот го напуштиле секторот. „Дури и пред да се случи тоа, многумина мораа да работат за премали плати и во опасни услови“, рече Тедрос Гебрејесус.

Според него, иако жените сочинуваат речиси 70 отсто од здравствените работници, тие се помалку од една четвртина од менаџерите и често се изложени на насилство на работното место.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот