Комисијата за заразни болести со нови препораки за олабавување на мерките за ковид-19
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача да се укине обврската за учениците од средните училишта да носат маски. Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата, рече дека втората препорака што ја даваат е да се дозволи изведување на ученички екскурзии во основните и во средните училишта.
- За наставниот и техничкиот кадар во средните училишта останува обврската да носат маски, а се укинува само за учениците - рече д-р Мехмедовиќ.
Тој истакна дека ја следат состојбата и дека можеби следната недела ваква одлука ќе донесат и за факултетите, кои почнаа со работа со физичко присуство.