X
 31.03.2022 Здравје

Неколку можни сценарија за пандемијата во 2022, според СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) претстави некои можни сценарија за текот на пандемијата до крајот на годинава. Според организацијата, најголема е веројатноста опасноста од болеста ковид-19 да се намали со текот на времето поради поголемиот имунитет на луѓето. Меѓутоа, можно е и појавувањето на поопасен сој од омикрон.

- Врз основа на она што го знаеме досега, најверојатното сценарио е дека вирусот ќе продолжи да еволуира, но опасноста од болеста ќе се намалува со текот на времето како што се зголемува имунитетот поради вакцинирањето и заразувањето - изјави Тедрос Аданом Гебрејсус, генерален директор на СЗО.

Според него, може да се појават периодични скокови во бројот на новозаразени лица и смртни случаи како што се намалува имунитетот, што ќе бара дополнителна вакцинација на ранливите групи.


Фото: Pixabay

Во најдоброто сценарио ќе се појавуваат помалку опасни соеви и нема да бидат потребни дополнителни вакцини, додека во најлошото сценарио ќе се појави повирулентен и полесно пренослив сој. Доколку се случи најлошото сценарио, ќе има потреба од менување на вакцините и вакцинирање на лицата што се најранливи.

Минатата недела во светот биле регистрирани над 10 милиони нови случаи и 45.000 смртни случаи како последица на коронавирусот. Досега во светот биле потврдени над 479 милиони заразени лица и над 6 милиони смртни случаи.

Извор: RTE
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје