Да сте се дружеле со необичен и единствен научник како што бил Пол Ердеш, веројатно би ви влегол на сред ноќ со желба заедно да решавате математички проблеми.
Би ви рекол: „Мојот ум е отворен!“. Би морале да му го перете долниот веш, а ако во 5 наутро добиел инспирација да работи, тој правел врева лупајќи со тенџериња и тави додека не се разбудите и не му се придружите во работата. Неговите современици тврдат дека тој на најдобриот начин би го извлекол она што е најдобро за вас и би ви претставил многу интересени луѓе. На кратко, би биле горди да сте дел од животот на овој генијалец.
До својата смрт во 1996 година, познатиот математичар Пол Ердеш бил многу активен во секоја смисла, и до крајот ги следел неговите животни принципи. Сакал да ги сподели со другите за да постигне најмногу што можел. Така и вас би ве научил на трите основни лекции.
Ако сакате да бидете најдобри, ви требаат часови. Никогаш немојте да се откажувате. Ердеш дури и како 70 годишен старец издавал повеќе трудови отколку математичарите во целиот живот. Има објавено околу 1.500 научни тридови. Постојано размислувал за проблемите и запишувал можни решенија. Би ви рекол и дека најважно во математиката и во животот е да поставите добро прашање. Успешните луѓе не се фокусираат само на вистинското решение. Поважно е да се фокусирате на вистинскиот проблем. Секој може да постави прашање, но Ерос во тоа бил ненадминлив.
Од витално значење е да се вмрежите. Ердеш познавал многу луѓе и постои податок дека на научните трудови соработувал со 485 научници (Дури и постои и фраза - ако сте број 1, тогаш директно сте соработувале со Ердеш, ако сте 2, сте соработувале со научникот кој соработувал со Ердеш. Ако сте 3, сте соработувале со научникот кој соработувал со друг научник кој непосредно работел со големиот Ердеш. Најголемиот познат број е 7. Ајнштајн бил број 2).
Неговите современици тврдат дека никогаш не се „лижел“ за да се искачи на социјалната скала, со цел да извлече корист. Сакал да соработува со што повеќе и сакал лично да се увери во квалитетот на некои луѓе. Постои приказна и дека му дал 1.000 долари на студентот Глен Витни да се запише на Харвард, само затоа што се уверил дека момчето бил генијалец. Неколку години подоцна не сакал да ги земе парите назад, туку го замолил Глен со тие 1.000 долари да ја направи истата работа. Затоа, разменувајте мислења, работете со што повеќе луѓе и лично уверете се во нивниот квалитет.
Пронајдете ја вашата страс. Пол Ердеш добро знаел што сакал и ја следел својата љубов. Страста која ја чувствувал кон математиката и броевите била незапирлива и не му давала мир да живее на едно место. Патувал многу, живеел на 4 континенти во потрага на математички проблем и научни соработници. Ни малку не било необично да чукне на вратата на колегите, со зборовите дека умот му е отворен и да остане кај нив дома неколку дена во работна атмосфера. Кога ќе му здосадело одел понатаму - од универзитет до универзитет, од математичар до математичар, од математички проблем до математички проблем. Желбата за работа и љубовта кон работата од Ердеш направиле еден од најголемите математичари кој бил сигурен во своите зборови: „Човекот „умира“ оној момент кога ќе престане да се занимава со математика, а „си оди“ тогаш кога навистина е мртов“. Оној кој го познавале се уверени дека од својот живот извлекол максимум среќа која можел да ја извлече. Љубовта кон она што го работите според Ердеш бил единствениот пат до најголемата среќа во животот.