Ова се неколку скриени функции на вашиот омилен оперативен систем, кои ќе ви го олеснат секојдневното користење на телефонот.
1. Брзо променете ја вашата безжична мрежа
Брзото префрлање од една на друга мрежа не секогаш е едноставно. Точно е дека секогаш одете да одите во Settings > Wi-Fi,но секогаш постои побрз начин.
Повлечете со прстот надолу од врвот на екранот и отворете и брзите поставки. Таму наместо да одите на иконата за Wi-Fi, одете на името на мрежата и веднаш ќе добиете листа на сите мрежи во ваша близина.
2. Ви досадуваат потсетниците? Откријте од каде доаѓаат
Ако на главниот екран постојано добивате потсетници за досадните апликации, а немате поим од каде доаѓаат, само долго држете на потсетникот и уредот сам ќе ви каже од каде доаѓа.
Фото: Freepik
3. Зумирање на мапи во „Гугл Мапс“
Доволно е само двојно притискање на екранот и повлекување нагоре или надолу за да се зумира мапата. Тоа е многу
поелегантно решение од држењето на телефонот и развлекувањето на кадарот со користење на двете раце.
4. Знаете ли за „Priority mode“?
„Priority mode“ е една од занемарените функции на „Андроид“, која всушност е многу корисна.
Накратко,
таа овозможува телефонот да биде тивок, но во исто време и понекогаш да
заѕвони доколку ви стигне некоја многу важна порака. Без разлика дали
тоа е повик, текстуална порака, „Вацап“ или порака од одреден контакт,
оваа функција може да ви помогне.
За да ја активирате, одете во поставките и таму одете на Sound &
Notification, па потоа во Do not disturb (DND). Тука можете да ги
изберете опциите кои ви се потребни.