X
 22.12.2021 Живот

Меѓународниот балкански универзитет отвори Факултет за дентална медицина и Висока медицинска школа

Меѓународниот балкански универзитет официјално ги отвори двете нови единици, Факултетот за дентална медицина со програма за академски студии за дентална медицина и Високата медицинска школа со програми за стручни студии за медицинска сестра и акушерка. Наставната програма на овие две нови единици се спроведува од искусни предавачи и еминентни имиња во медицината во земјата и од странство.

„Отворањето на овие две нови единици претставува нова ера за Меѓународниот балкански универзитет, но и за висоокобразовниот систем во нашата држава. Ова е значаен чекор во едуцирање нов квалитетен кадар и во вложување во квалитетни здравствени услуги, а со тоа и придонесот на МБУ кон здравствениот сектор во земјата.  Со ова уште потврдуваме дека сме на страна на нашите студенти, овозможувајќи им квалитетно стручно образование во областа на денталната медицина, медицинските сестри, акушерство и обезбедувајќи им перспективна кариера, истакна Ајдован Адемоски, Претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет.

На официјалното отворање на новите единици на универзитетот беа присутни претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, проф. д-р Мустафа Шентоп и Министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
 
Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа со почетокот  на академската 2021/2022 година ги примија и првите генерации студенти, во нов објект во рамките на универзитетскиот кампус, опремен со најсовремени лаборатории и кабинети, со професионален академски кадар.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот