X
 23.01.2019 Наука

Астероидот Апофизис би можел да се судри со Земјата во 2068 година

Астрономи од Петербуршкиот државен универзитет посочуваат дека, според пресметките, астероидот Апофизис, со пречник од 325 метри, би можел да се судри со Земјата во 2068 година.

Астероидот во 2029 година ќе помине крај нашата планета на оддалеченост од 38.000 километри – растојание десетпати помало од она меѓу Земјата и Месечината. Следниот пат тоа ќе биде во 2044 (на 16 милиони километри), 2051 (на 760.000 километри) и 2060 година (на пет милиони километри), наведуваат од Катедрата за небесна механика при Санктпетербуршкиот универзитет.

И американските научници укажуваат на можен судир со Апофизис. Имено, стручни лица од Хавајскиот универзитет сметаат дека веројатноста постои, но таа е исклучително мала.

Астероидот Апофизис е откриен во 2004 година, а научниците тогаш објавија дека веројатноста од судир со Земјата во 2029 е 2,7 отсто. Меѓутоа, тие процени сега не важат.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука