X
 27.12.2023 Наука

Неверојатно видео сумира 4,5 милијарди години од историјата на Земјата во 60 минути

Се проценува дека Земјата е стара 4,5 милијарди години. Но, иако научниците ја открија возраста на нашата планета, тешко ни е да го сфатиме овој број.

За да ни помогне да ја разбереме историјата на Земјата, јутјуб-каналот „Kurzgesagt“ објави анимирано видео во кое прикажува како сè еволуирало откако нашата планета првпат е формирана.

Видеото трае 60 минути, а секоја секунда од видеото претставува околу 1 милион години. Наместо видеото да биде преполно со акција и факти, темпото останува доследно на својата илустративна мисија, покажувајќи колку време ѝ требало на нашата планета да изгледа како денес. Ова покажува дека животот каков што го знаеме постои кратко време. Диносаурусите се појавуваат околу 58. минута, додека човештвото е прикажано само во еден момент.

Но, ова не значи дека видеото е досадно. Живописните бои и музиката ги подобруваат деталните анимации што ја раскажуваат приказната.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука