„Вечни студенти“ е изразот кој често се кажува во Данска. Оваа држава има проблем со овие студенти бидејќи поради бесплатното образование, тие се сè помногубројни секоја година.
Освен тоа, Владата им дава по 1.000 евра месечно на студентите во период од шест години, дури и на оние студенти што немаат намера да го завршат факултетот.
Даниел Борум Јакобсен, 24-годишен дипломец, а воедно и директор на фирмата „Плекто“, открива дека данскиот збор „evighedsstuderende“ се однесува на лица кои не завршуваат факултет, а низ годините често ги менуваат студиските програми. Поради тоа, многу студенти во Данска подолго остануваат на факултет отколку студентите во другите земји.
Студентите сметаат дека оваа мерка е битна за овозможување квалитетно образование за сите.
- Некои Данци мислат дека парите што ги добиваме ги трошиме во барови или клубови, но тоа не е така. Ваквата програма е клучна за овозможување одлично образование за сите, без разлика колку заработуваат нивните родители - изјавила данската студентка Астрид Винтер Фишер.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay