X
 02.05.2019 Технологија

За 50 години починатите луѓе ќе бидат најмногубројни „корисници“ на „Фејсбук“

Додека од „Фејсбук“ неодамна најавија нови функции за подобро комеморирање на профилите на починатите, тие до 2070 година може да бидат побројни од живите луѓе на платформата.

Замислувањето на тоа каков ќе биде „Фејсбук“ по 50 години е шпекулативно, но сѐ поголемите дигитални гробишта на страницата отвораат прашања за тоа како треба да ја третираме дигиталната историја и да ги почитуваме личните информации на починатите.

Предвидувањето доаѓа од нова студија објавена минатата недела. Истражувачи од „Оксфорд“ утврдиле дека дури и ако никој нов не се приклучи на „Фејсбук“ по 2018 година, страницата сѐ уште би била „дом“ на 1,4 милијарда починати корисници до 2100 година.

Тоа се многу комеморирани страници и истражувачите велат дека тие може да имаат историско значење.

- „Фејсбук“ треба да покани историчари, архивари, археолози и етичари да учествуваат во процесот на организирање на насобраните податоци што ги оставаат луѓето зад себе кога ќе починат. Ова не е само за наоѓање решенија што ќе бидат одржливи во следните неколку години, туку можеби за многу следни децении - вели истражувачот Дејвид Ватсон.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија