X
 22.03.2019 Живот

Правилото на Закерберг за вработување луѓе во „Фејсбук“

Коосновачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, ја изгради својата компанија од нула. Денес компанијата може да се пофали со пазарна капитализација од 481 милијарда евра и околу 1,52 милијарда дневни корисници.

Еден од најважните начини за создавање успешна организација е вработувањето на вистинските луѓе (а „Фејсбук“ има речиси 36.000 вработени). Закерберг објасни како го прави тоа.

- Ќе вработам некого да работи директно за мене само ако јас би работел за него. Тоа е прилично добар тест и мислам дека ова правило ме служеше добро - истакна Закерберг на една технолошка конференција.

Оттогаш и други службеници во „Фејсбук“ открија и други нешта што се дел од стратегијата за вработување на „Фејсбук“, на пример, дека компанијата ги мери способностите за тимска работа на кандидатите. Па, менаџерите за најмување прашуваат: Можете ли да ми кажете четири лица чии кариери фундаментално сте ги подобриле?

Успешните кандидати јасно треба да демонстрираат дека нивните приоритети се компанијата, тимот и самите тие - по тој редослед.

Закерберг имаше уште неколку совети.

- Најважно е тимот да ви биде што е можно помал. И најважно е да имате верба во себе. Кога сте млади, често слушате дека немате искуство за да правите нешто, дека има луѓе со поголемо искуство од вас. Јас го започнав „Фејсбук“ на 19 години - рече тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот