X
 04.11.2015 Образование

Зошто наставничката не го зела за точно решението 5+5+5?

Минатата недела веста за математичката задача од основно одделение беше една од најчитаните, а голем број родители останаа зачудени зошто е погрешен одговорот 5+5+5, на прашањето 5х3=?

 

1


Тестот, кој првично бил споделен на Reddit, предизвика револт кај родителите. Фокусирајќи се на целата постапка на множење, првото прашање за учениците беше да пресметаат 5х3 користејќи повторена акција.


Ученикот одговорил 5+5+5=15 меѓутоа ова наставничката го зела како грешен одговор, наведувајќи дека точниот одговор е 3+3+3+3+3=15.

Според наставничката, ученикот и на второто прашање одговорил погрешно. Во задачата се барало со цртички да се претстави множењето 4х6. Ученикот нацртал шест реда од по четири цртички. Наместо тоа, наставничката напишала дека точниот одговор е четири реда по шест цртички.

 

1


За што станува збор и зошто наставничката ги зела за грешни одговорите кои всушност се точни.

Френк Носчес, наставник по математика и физика во њујоршко средно училиште вели дека задачите се дел од стандардите на наставната програма наречена „Common Core standard“ - образовна иницијатива во Америка која детално прикажува што учениците треба да знаат по англиски јазик и математика на крајот на секое одделение.

„Овие стандарди поставуваат што децата треба да знаат и за што треба да бидат потребни, а не лекциите“, вели тој.

Носчес вели дека образовната иницијатива предвидува цели за знаење во секое одделение, а толкувањето на овие стандарди е дискреционо право на одделни држави, региони и наставници.

„Ако наставничката конкретно рекла дека 5х3 значи пет групи по три, и 4х6 значи четири групи по шест, тогаш овие одговори се погрешни“, вели Носчес.

„Меѓутоа математички, она што детето го напишало е точно. Децата знаат дека пет групи по три е еднакво на три групи по пет“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование