X
 23.01.2022 Технологија

Зошто отворот за точење гориво не е на иста страна кај сите автомобили?

Се збунувате на која страна ви е отворот за точење гориво? Прочитајте како лесно да се потсетите додека сте во автомобилот

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои автомобили имаат капачиња за резервоарот за гориво на левата, додека други на десната страна? Има објаснување за тоа.

Имено, според портпаролот на „Форд“, Марк Ширмер, инженерите можат слободно да го стават отворот за точење гориво на онаа страна од автомобилот на која е најсоодветно кога „техниката“ ќе се спои со каросеријата.

И додека прилично згодно би било да има по едно од секоја страна, такво нешто веројатно нема да видиме никогаш, најмногу поради тоа што на електричните автомобили не им е потребен резервоар..

- Поставувањето на капачето на резервоарот главно е условено од дизајнот, локацијата на компонентите, како моторот и резервоарот и подвозјето. Со сите структури и компоненти сместени под возилото, инженерите брзо би наишле на ограничувања во обидот за насочување на цевките за полнење на истата страна на секое возило - истакнува Стив Јегер од „Нисан“.

Ширмер истакнува дека Американците сакаат отворот за точење да им биде на левата страна, веројатно затоа што така им е полесно да паркираат со отворот поблиску до пумпата. Поради истата причина, во Обединетото Кралство, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Индија и другите земји каде што се вози од левата страна на улицата, возачите преферираат отворот да им биде на десната страна.

Постојат прописи за тоа каде треба да се постави отворот, но ни тие не одредуваат дали треба на десната или левата страна од автомобилот. Сегашните прописи кои се однесуваат на системите на гориво во автомобилите налагаат отворот да биде на најширокиот дел од автомобилот и на место безбедно од капење врз топли издувни делови или електрични жици.

Кога сите автомобили би имале отвор на истата страна, 50 отсто од пумпите на бензинските би биле неискористени и би морале да чекаме подолго за да наточиме.

Уште еден интересен факт е тоа што во случај да не можете да се сетите на која страна од вашиот автомобил е отворот за точење, едноставно можете да погледнете до мерачот за гориво на контролната табла. Таму е прикажана страната на автомобилот каде што е отворот и тоа може да ве поштеди од непријатности да морате да се преместувате на бензинска.

Триаголничето покажува на која страна од автомобилот ви се наоѓа отворот за точење гориво


Извор: Jutarnji
Фотографии: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија