X
 28.09.2022 Живот

Букурешт забранува бучни автомобили во текот на ноќта - казната е 1.000 евра

Сообраќајната врева во ноќните часови може да биде неподнослива, а доволно е само еден гласен и брз автомобил да ве разбуди од сон. Градското собрание на Букурешт, главниот град на Романија, неодамна претставило нови законски прописи кои имаат цел да ја намалат вревата во сообраќајот во градот.

Се предвидува забрана на ноќниот сообраќај на автомобили и мотоцикли кои прават врева повисока од 95 децибели. Мерењето на вревата ќе се прави од страна на сообраќајната полиција и романскиот авторегистар. Истите институции ќе спроведуваат и програми за информирање на сопствениците на автомобили за новите прописи.

Сообраќајот на автомобилите и другите возила што се погласни од 95 децибели ќе биде дозволен само од 8:00 часот до 21:59 часот. Лицата што нема да ги почитуваат прописите ќе бидат казнети со 1.000 евра.

Според властите, над 700.000 жители на Букурешт се погодени од гласните автомобили и мотоцикли во текот на ноќта. Во Букурешт има 12.419 згради во подрачјата со ноќна врева поголема од 60 децибели. Вревата над ова ниво создава непријатност, го попречува сонот, влијае врз менталното здравје, продуктивноста и социјалното однесување, а може да предизвика стрес, хроничен умор, несоница или кардиоваскуларни болести.

Извор: Telegraf
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот