X
 28.09.2021 Живот

Градоначалникот на Лондон бара насилството врз жени да се прогласи за злосторство од омраза

Во гостување на програмата „Добро утро, Британија“ на Ај-ти-ви, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го опиша насилството врз жените и девојчињата како епидемија.

- Меѓу минатогодишниот Меѓународен ден на жената и годинашниот Меѓународен ден на жената 180 жени беа убиени од мажи во нашата земја. Кога станува збор за насилството врз жени и девојки, имаме епидемија - рече Кан.

Тој додаде дека девојчињата биле принудени да го сменат начинот на облекување на пат кон училиште поради начинот на кој момчињата се однесувале кон нив.

- Мислам дека мораме да прогласиме мизогинија - злосторство од омраза. Малтретирањето на жените во јавност треба да биде кривично дело - додаде Кан.


Градоначалникот ги даде тие коментари по убиството на наставничка во основно училиште минатиот викенд. 28-годишната Сабина Нес била нападната додека одела да се сретне со своите пријатели.

Нејзиното тело било пронајдено во Гринич по речиси 24 часа од убиството.

Во јули, британската Влада објави стратегија за борба против насилството врз жените и девојчињата, ветувајќи подобри услуги за поддршка на малцинските заедници.

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот