X
 23.02.2021 Технологија

Ова се земјите во кои најмногу се купуваат електрични автомобили

Пандемијата имаше негативен ефект врз автомобилската индустрија, но интересот за електрични автомобили порасна во многу земји минатата година. Според процени направени од платформата „ЕВ-Волјумс“, 4,2% од сите автомобили продадени минатата година биле електрични. Во 2019 г. 2,5% од продадените автомобили биле електрични.

Во 13 земји во светот, над 10% од сите автомобили што биле продадени во 2020 биле електрични. Норвешка е лидер со 75% електрични автомобили од сите продажби. Исланд, Шведска и Финска, исто така, се наоѓаат помеѓу првите 5 земји во кои електричните автомобили се популарни.

Норвешка има мерки што го поттикнуваат купувањето електрични автомобили, како даночни олеснувања, пониска патарина и слично.

Земји со најмногу продадени електрични автомобили како процент од сите продажби на автомобили во 2020

Норвешка - 74,8%
Исланд - 45%
Шведска - 32,2%
Холандија - 24,9%
Финска - 18,1%
Данска - 16,4%
Швајцарија - 14,3%
Португалија - 13,5%
Германија - 13,5%
Луксембург - 11,4%
Франција - 11,3%
Белгија - 10,7%
Обединетото Кралство - 10,7%
Австрија - 9,5%
Ирска - 7,4%
Кина - 6,2%
САД - 2,3%

Автор: Феликс Рихтер
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија