Меѓународен тим од научници откри целосен фосил на подводен рептил диноцефалосаурус ориенталис (Dinocephalosaurus orientalis) во Јужна Кина.
Фосилот е стар 240 милиони години и веќе го нарекуваат змеј бидејќи има исклучително долг врат. Тој е долг пет метри и му припаѓал на геолошкиот период тријас.
Видот диноцефалосаурус ориенталис е првично идентификуван во 2003 година.
Извор: МИА
Фото: National Museums Scotland