X
 30.09.2023 Живот

Розов храм со змеј во Тајланд претставува вистинска туристичка атракција

Храмот „Ват Самфран“ е едно од големите чуда на тајландската архитектура. Се наоѓа во близина на Бангкок и претставува популарна дестинација за туристите. Причината за тоа е огромната скулптура на змеј која е изградена околу розовата цилиндрична зграда на храмот.



Храмот бил основан од Бавана Будо и изграден во 1985 година. Тој има 17 ката, а се градел пет години.



Змејот кој може да се види околу зградата е шуплив и направен е од железо и стаклено влакно. Во него има тунел и скалила што водат до врвот. Главата на змејот е на покривот со цел да го штити будистичкиот храм.



Зградата е висока 80 метри, а влезот во неа е бесплатен.



Извор: Insider
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот