Научници во Египет откриле остатоци од вид кит со четири нозе кој живеел пред околу 43 милиони години. Фосилот од видот наречен фиомицетус анубис бил откриен во Западната Пустина во Египет.
Предците на денешните китови еволуирале од цицачи кои личеле на елените што живееле на земја во период од 10 милиони години. Новооткриениот вид тежел околу 600 килограми и бил долг три метри, а имал силна вилица со која ги фаќал жртвите, пишува во
истражувањето во кое се открива видот. Китот можел да оди на почва и да плива во вода.
Делумниот скелет што бил пронајден бил анализиран од научници од Универзитетот „Мансура“. Локацијата на која бил пронајден сега е пустина, но некогаш била покриена со море.
Ова не е прв откриен фосил од кит со нозе, но се смета дека е најстар ваков вид откриен во Африка. Се претпоставува дека првите китови еволуирале во Јужна Азија пред околу 50 милиони години. Во 2011 г. палеонтолози во Перу откриле фосил на кит со четири нозе кој живеел пред 43 милиони години.
Извор:
BBC
Фото: Robert Boessenecker/Twitter