X
 29.10.2022 Култура

Филм од 2006 година повторно стана популарен од бизарни причини

Многу филмови биле инспирирани од вистински настани, но ретки се оние што ја опишуваат иднината. Еден ваков филм од 2006 година последниве години им го привлекува вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Многубројните чудни настани низ светот, како краткото време на власт на Лиз Трас, нападот на американскиот конгрес, поништувањето на законот за право на абортус, па дури и доаѓањето на коронавирусот, потсетило многу луѓе на сценариото на овој филм.

Станува збор за филмот „Идиократија“ (Idiocracy) на американскиот режисер Мајк Џаџ. Филмот го следи Џо Бауерс, кој е одбран да учествува во таен воен експеримент. Заедно со Рита, тој е ставен во хибернација на една година. Меѓутоа, се случуваат проблеми и двајцата се будат по 500 години.

Тогаш сфаќаат дека просечната човечка интелигенција паднала толку многу, што најпаметниот човек на светот е Џо. Тој станува министер за внатрешни работи, а тогаш почнуваат вистинските авантури бидејќи никој не сака да го слуша Џо.

Иако филмот е хумористичен, многумина сметаат дека тој носи вистинска порака. Многумина го нарекле „документарен филм за 2022 година“.

- За неколку седмици ќе дознаеме дека режисер на филмот бил Нострадамус - гласи еден коментар на гледач.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура