Младите од 1.659 места од 105 земји вчера излегоа од училишните клупи за да учествуваат на протести со кои од возрасните побараа да преземат одлучни мерки против климатските промени.
Инспирација на учениците беше младата Швеѓанка Грета Тунберг, која го започна движењето и токму поради нејзините акции беше номинирана за Нобелова награда за мир.
- Во 2050 година вие ќе бидете мртви, но ние не - порачаа
младите. Погледнете како се одвиваа протестите низ земјите од цел свет.